Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка, потврди германската Федерална статистичка служба – Дестатис.
Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година.
– Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред, изјави претседателката на Федералното биро за статистика, Рут Бренд.
Цените на храната во Германија се зголемија на годишно ниво за 5,5 отсто во ноември, забавувајќи се од октомвриските 6,1 отсто, додека цените на енергијата паднаа за 4,5 отсто во истиот период, според веб-страницата на Дестатис, организација со седиште во Визбаден.
Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна од 4,3 отсто на 3,8 отсто.
На месечно ниво, цените паднаа за 0,4 отсто во однос на октомври.