Американските операции на најголемата германска банка Deutsche Bank се ставени во листата на банки кои се загрозени од банкрот на Федералната корпорација за осигурување на депозити во САД (FDIC), пренесе Financial Times.
Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) ја стави Deutsche Bank во листата со „проблематични банки“, откако Федералните резерви пред година ја опиша ситуацијата како „отежната“. Проблематичните банки во листата на FDIC се оние кои имаат финансиски, менаџерски или оперативни слабости кои ја загрозуваат нивната финансиска стабилност.
Во петокот, рејтинг агенцијата Standard & Poor’s го намали кредитниот рејтинг на Deutsche Bank од А- до БББ + поради загриженоста околу способноста на банката да ги реструктуира своите активности. Во април S & P ја стави Deutsche Bank под „набљудување“ со можност за намалување на рејтингот, велејќи дека ненадејната промена на главниот извршен директор може да одложи реструктуирањето на кредиторот.
Најголемата банка во Германија се бори да се опорави од агресивното меѓународно проширување точно пред светската финансиска криза, бидејќи комбинацијата на построги регулативи и последиците од скандалите за време на кризата го претворија нејзиниот основен бизнис во неефикасен.
Во последните години Deutsche Bank губи позиции во однос на конкурентите во инвестициското банкарство во сите региони, покажуваат податоците на Thomson Reuters. Во оваа категорија во Северна и Јужна Америка, групата зазема 10-та позиција, што е пад од 2 места во последните 7 години. Во Азија и Океанија, падот е од 6 до 15, а во Европа од втора до трета.