На регулаторите во Велика Британија и во САД им беа презентирани докази за „фиксирање“ на каматните стапки за време на финансиската криза во 2008 година. Документите покажуваат дека проценките на каматните стапки се нагло намалени по притисокот од централните банки.
Регулаторите одбија да ги коментираат тврдењата. Во екот на финансиската криза во 2008 година, кога кредитирањето на банките речиси престана, централните банки ширум светот повикаа на смиреност. Но, зад сцената, истрагата открива докази дека тие ги повлекувале лостовите за вештачко враќање на мирот – мерки кои подоцна ќе бидат прогласени за противзаконски во ОК.
Овие мерки се однесуваат на референтните каматни стапки наречени Либор и Еурибор, кои следат колку ги чини банките да позајмуваат пари едни од други. Колку повеќе инвеститорите имаа доверба во банката, толку е помала стапката. Колку е повисока стапката, толку повеќе се сомневаше пазарот во одржливоста на таа банка. Во октомври 2008 година, имаше меѓународна акција во која беа вклучени централните банки на Велика Британија, САД и Еврозоната, за намалување на либорот и враќање на чувството на смиреност на пазарот.
Претходно се појавија некои докази за вмешаноста на Банката на Англија и британската влада во манипулацијата со каматните стапки. Но, доказите кои сугерираат дека тоа било дел од поширокото меѓународно движење не само во ОК, туку и од централните банки ширум западниот свет за намалување на клучните каматни стапки во октомври 2008 година, никогаш претходно не биле објавени.
Во ноември 2010 година, истражните агенции од американското Федерално биро за истраги (ФБИ) до финансискиот регулатор на ОК беа директно информирани за тоа, но оттогаш го чуваа во тајност од Парламентот, Конгресот и јавноста, пренесува Кликс.ба.