СООПШТЕНИЕ
до акционерите на Македонски Телеком АД – Скопје со право на дивиденда за 2017 година
Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје, на својата годишна седница одржана на ден 16.04.2018
година, ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2017 година и утврдување на дивиденден
календар.
Согласно со Одлуката на Собранието, Македонски Телеком АД – Скопје ве информира за следново:
Дивидендата за 2017 година се утврдува во вкупен (бруто) износ од 1.584.850.714,00 денари или
бруто износ од 18,37 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите
даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно
со важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплатата.
Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД –
Скопје на 17.05.2018 година имаат право на дивиденда за 2017 година. Последен ден на тргување
со право на дивиденда за 2017 година е 15.05.2018 година, додека прв ден на тргување без право
на дивиденда за 2017 година е 16.05.2018 година.
Исплатата на дивидендата за 2017 година ќе се изврши на 26.09.2018 година.
Начин на исплата на дивиденда кон акционерите со право на дивиденда за 2017 година:
За физички лица – резиденти на Република Македонија
– Исплатата на дивиденда кон физички лица – резиденти на Република Македонија, ќе се врши на
трансакциските сметки на кои согласно со евиденцијата на Македонски Телеком АД – Скопје им
е исплатена дивидендата минатата година.
– Новите акционери, физички лица – резиденти на Република Македонија како и оние акционери
кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на трансакциска сметка различна од минатата
година се повикуваат да достават податоци за трансакциска сметка и копија од лична карта
најдоцна до 19.09.2018 година по e-mail на [email protected] или по пошта на следнава адреса:
Македонски Телеком АД – Скопје
Со назнака: До Сектор за контрола, сметководство и даноци
„Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија
Телефон за контакт: +389 2 3242 258/+389 2 3242 255/+389 2 3242 395
За правни лица – резиденти на Република Македонија и правни и физички лица – странски резиденти
– Акционерите правни лица – резиденти на Република Македонија, како и акционерите правни и
физички лица – странски резиденти, се повикуваат да достават податоци за банкарската сметка
најдоцна до 19.09.2018 година на која ќе се изврши трансферот на пари по основ на исплата на
дивиденда.
Покрај податоците за банкарските сметки:
– Странските правни лица се повикуваат да достават „Потврда за резидентен статус”, заверена од
надлежниот даночен орган на странската држава чијшто резидент е правното лице, најдоцна
еден ден пред исплатата на дивидендата,
– Странските физички лица се повикуваат да достават Единствен даночен број (ЕДБ) за нивна
даночна регистрација во Република Македонија, најдоцна до 19.09.2018 година.
Бараните податоци треба да се достават на следнава адреса:
Македонски Телеком АД – Скопје
Со назнака: До Сектор за контрола, сметководство и даноци
„Кеј 13-ти Ноември“ број 6, 1000 Скопје, Република Македонија
Телефони за контакт: + 389 2 3242 258 / 389 2 3242 255 / 389 2 3242 395
Важна напомена:
Согласно со законските прописи во Република Македонија, Македонски Телеком АД – Скопје, од
бруто износот на дивидендата по акција од 18,37 денари: а) при исплатата на физичките лица, ќе
задржи и ќе уплати 10% персонален данок на доход; б) при исплатата на странските правни лица,
ќе задржи и ќе уплати 10% данок по задршка (каде што е применливо).
Септември 2018 година
Македонски Телеком АД – Скопј