На валутните пазари минатата недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна, при што курсот на еврото во однос на американската валута порасна за речиси еден процент.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела падна за 0,8 отсто, на 104,45 поени.
Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,9 отсто, па цената на еврото се искачи на 1,0870 долари.
Доларот ослабе и во однос на јапонската валута, за 0,1 отсто, па неговиот курс се лизна на 155,65 јени.
Откако долго време зајакнуваше во однос на јапонската валута и достигна 160 јени, највисоко ниво во последните 34 години, јапонската централна банка неодамна интервенираше на пазарот, па курсот на доларот падна.
Во последните недели се движи во тесен опсег околу 155 јени.
Интервенциите на јапонските монетарни власти во моментов не се потребни бидејќи доларот е под притисок поради шпекулациите дека ФЕД сепак може двапати да ги намали каматните стапки оваа година.
Имено, минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во САД пораснале нешто помалку од очекуваното во април, што ги поддржа тезите за ублажување на инфлаторните притисоци и отворање простор на американската централна банка за намалување на каматните стапки.
Така, шпекулациите дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки двапати во втората половина од годината, во септември и декември, за по 0,25 процентни поени.
Еврото минатата недела зајакна во однос на доларот, иако се очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) наскоро ќе го започне циклусот на намалување на каматните стапки и тоа пред ФЕД, веројатно веќе во јуни.