На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути на почетокот од тргувањето во понеделникот дополнително падна, откако минатата седмица се намали за 1,3 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се лизна за 0,05 отсто, на 102,57 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,2 отсто, на 142,40 јени. Од друга страна, американската валута ослабе во однос на европската за 0,1 отсто, па цената на еврото достигна 1,0905 долари.
Цените на нафтата, пак, дополнително пораснаа, откако минатата седмица благо зајакнаа првпат по седумте седмици пад.
Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,61 отсто, на 77,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 71,90 долари.