На меѓународните валутни пазари зајакнаа валутите кои се сметаат за безбедни засолништа за капиталот во несигурни времиња, затоа што инвеститорите не веруваат дека е запрена депрецијацијата на кинескот јуан.
Доларот падна за 0,3 проценти во однос на јапонскиот јен, на 117,45 ¥. Вредноста на доларот падна за 0,2 проценти во однос на европската валута, на 1,0876 $.
Освен јенот, зајакна и швајцарскиот франк, кој исто така, се смета за засолниште во несигурни времиња.
Централната банка на Кина во вторникот го поддржаа зајакнувањето на јуанот во однос на доларот трет ден по ред, а на тоа би можело да се гледа како сигнал дека нема да дозволи натамошно слабеење на валутата.
Сепак, голем број аналитичари веруваат дека јуанот ќе продолжи да ослабнува, па некои банки проценува дека до крајот на годината вредноста на доларот ќе изнесува околу 7 јуани, додека во моментот е околу 6,58 јуани.