Еврото вчера зајакна на меѓународните пазари, а доларот ослабна, бидејќи инвеститорите повторно се склони да преземаат ризик, по силните податоци од американскиот пазар за труд и стишувањето на стравовите од можната трговска војна.
Еврото во таквата атмосфера се тргуваше по 1,2328 долари, што значи дека зајакнало за 0,2 проценти во однос на затворањето во петокот. Курсот на заедничката европска валута се држи далеку под највисоките нивоа во три години од 1,2556 долари, кое за кратко го достигна во февруари.
Доларот, чија цена обично паѓа кога инвеститорите се одалечуваат од ризичните инвестиции, во меѓувреме ослаби, лизнувајќи се за 0,1 проценти во однос на кошницата со другите шест најзначајни светски валути. Американската валута во такви околности според јапонската ослаби за 0,3 проценти, на 106,51 јени.
Бидејќи во Европа не се очекува објава на клучните економски показатели, во фокусот на пазарите ќе биде денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната. Пазарите најмногу ќе ги интересираат нивните коментари поврзани за трговскиот протекционизам по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини.