Вредноста на доларот на меѓународните девизни пазари додатно ослабе во однос на кошницата валути поради бранот на продажба по спласнување на очекувањата за понатамошно зголемување на каматната стапка во САД оваа година.
Долар индексот, падна за 0,5 проценти на 96,796 поени, што е најниско ниво од почетокот на ноември минатата година.
Еврото во такви околности во еден момент достигна 1,1161 $, највисоко ниво во последните три и пол месеци. Вредноста на доларот падна за 0,1 проценти во однос на јенот, на 117,77 јени, со тоа ги изгуби сите добивки остварени по одлуката на јапонската централна банка да воведе негативни каматни стапки.
Повисоката продажба на долари започна во средата по слабите индикатори за расположението во САД и предупредувањето на претседателот на филијалата на Банката на федерални резерви од Њујорк Wiliama Dudley дека со понатамошното зголемување на каматните стапки треба да се води сметка за слабите изгледи за глобалниот раст.
Движењето на девизниот курс на доларот ги става Европската централна банка и Банката на Јапонија во тешка позиција, бидејќи се соочуваат со зајакнување на нивните валути, дури и по испраќањето на сигнали за подготвеноста за натамошно олабавување на монетарната политика, наведуваат аналитичарите.