Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,29 отсто, на 80,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,17 отсто, на 76,36 долари.

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути паѓа трет ден по ред.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,10 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 133,35 на 132,15 јени.

Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0605 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0610 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,29 отсто, на 80,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,17 отсто, на 76,36 долари.