Доларот зајакна во однос на повеќето валути достигнувајќи еднонеделен максимум во однос на јенот.
Инвеститорите ги очекуваат сигналите од Федералните резерви (ФЕД) за перспективите за движењето на американската економија и за тоа колку зголемувања на каматните стапки ќе постојат во 2018 година.
Доларскиот индекс, кој го следи движењето на доларот во однос на кошницата со шест главни валути, порасна за 0,488 поени или 0,054 проценти, на 90,253 поени.
Доларот на крајот на тргувањето бележеше раст за 0,31 проценти во однос на јенот, на 106,41 јени, откако забележа еднонеделен максимум од 106,60 јени.
Еврото на крајот од денот беше заклучено со пад за 0,49 проценти, на 1,2273 долари.
Фунтата ослаби за 0,21 проценти, на 1,3995 долари. Британската валута во понеделникот го заблежа највисокото ниво во однос на доларот во повеќе од месец дена, откако Лондон и Брисел постигнаа договор за транзициониот период по Брегзит и ирската граница