Доларот на меѓународните девизни пазари се задржа во близина на најниското ниво во последните три недели во однос на кошницата валути на кое се спушти во петокот, притиснат од неизвесноста во врска со зголемување на каматните стапки во САД.
Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот кон шестте главни светски валути, падна за 0,1 проценти на 94,73 поени, што е блиску до 94,692 поени, најниско ниво од 18 септември, на кое се спушти во петокот.
Американската валута ослабна во однос на јапонскиот јен, на 120,14 ¥. За 0,1 проценти се намали и во однос на заедничката европска валута на 1,1370 $.
Во фокусот на овој пазар се новите сигнали од ФЕД за можната временска рамка за зголемување на каматните стапки. Се издвојува изјавата на потпретседателот на ФЕД Stanley Fischer дека зголемувањето на каматните стапки во декември оваа година е очекување, а не обврска.
Шефот на Европската централна банка (ЕЦБ) Mario Draghi, потврди дека банките се загрижени за курсот на еврото, велејќи дека централната монетарна институција на еврозоната е подготвена да се прилагоди на висината, составот и времетраењето на програмата од 1.000 милијарди евра.
Овие извештаи малку го зауздаа зголемувањето на порастот на еврото, но банките сега се поделени во прогнозите на неговото движење. Од HSBC очекуваат еврото да достигне 1,18 долари, од JP Morgan и Morgan Stanley дека наредните месеци еврото ќе биде повеќе или помалку стабилно, додека Barclays, Deutsche Bank и Goldman Sachs, предвидуваат дека следната година ќе дојде до изедначување на курсевите на доларот и еврото.