Доларот на меѓународните пазари во однос на еврото се задржа во близина на највисокото ниво во последните два и пол месеци, откако по седницата ФЕД сигнализираше дека каматните стапки може да ги зголеми во декември, па во фокусот повторно се врати различната монетарна политика помеѓу САД и еврозоната.
Еврото во една таква средина падна на 1,0918 $, откако во средата ослабна значителни 1,2 проценти во однос на доларот после седницата на ФЕД по која очекувано нема промена на сегашната каматна стапка, но ја заострија реторика во однос на временската рамка во која каматните стапки може да се зголемат, враќајќи го повторно фокусот за можно зголемување на нивната последна годишна седница во декември.
Долар индексот, која ја мери вредноста на доларот во однос на шестте водечки светски валути во еден момент достигна 97,818 поени, највисоко ниво од 10 август, но подоцна во текот на тргувањето се стабилизира на 97,62 поени.
Американската валута ослабна за 0,2 проценти во однос на јапонскиот јен, на 120,75 ¥.
Додека ФЕД го подготвува теренот за можно зголемување на каматните стапки, од Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да обезбеди дополнителни олеснувања до крајот на годината за да го поддржи економскиот раст и инфлацијата.
Многу аналитичари не се премногу убедени дека ФЕД ќе почне да ги зголемува каматните стапки со оглед на неодамнешната серија на слаби економски показатели, па од суштинско значење за донесување на таква одлука во декември ќе бидат клучните економски податоци кои се очекува во следните неколку недели.
Економистите предвидуваат дека клучниот податок од индустрискиот сектор на САД на почетокот на следната недела за прв пат може да покаже пад на активноста во тој секторот во изминатите две и пол години, што нема да биде поттик за зголемување на каматните стапки.
“Се разбира дека одлуката на ФЕД зависи од економските показатели во следните неколку недели, особено оние за движењето на инфлацијата и на оние од пазарот на трудот во октомври и ноември. Згора на тоа, ФЕД за брзо ќе се откаже од експанзивната монетарна политика, а резултатот ќе биде апрецијација на доларот, особено во однос на еврото … “, изјави Antje Praefcke, валутен аналитичар во Commerzbank.