Американскиот долар значително се зголеми во однос на другите валути и достигна двонеделен максимум.

Силните економски податоци повторно ги поттикнаа инвеститорите да мислат дека Федералните резерви, најверојатно, ќе звучат смирувачки на состанокот за монетарната политика оваа недела.

Податоците за малопродажбата во САД, објавени во петокот, веќе ги намалија шансите за дополнителни корекции на каматните стапки оваа недела и влијаеја на зајакнување на доларот, иако претседателот на ФЕД, Џером Пауел, има основи за намалување на каматните стапки подоцна оваа година.

Индексот на доларот, кој го мери доларот во однос на кошница од шест валути, забележа две-неделен пик на 97,603 поени, што е малку повисока од претходниот ден.

Еврото забележа мала промена во трговијата, од 1,1213 долари, бидејќи инвеститорите очекуваат обраќање на креаторите на политиката на состанокот на Европската централна банка во Синтра, Португалија, како и податоци за инфлацијата во еврозоната, која ќе биде објавена денес.

Доларот зајакна во однос на јапонскиот јен за 0,5% на 108,63 јени.

Фунтата падна на 1,2573 долари, што е најниско ниво од јануари и се движи кон најниското ниво во 2019 година.

 

 

Капитал.мк