Јапонската и швајцарската валута забележаа незначителни промени на курсот, што покажува дека инвеститорите во услови на поголема загриженост го одбираат доларот, затоа што американската економија ја сметаат за најзаштитена, во случај коронавирусот да ѝ наштети на глоблната економија.
Курсот на еврото ослабе на меѓународните пазари, додека вредноста на доларот е зголемена, поради стравот од брзото ширење на коронавирусот надвор од Кина. Овие стравувања ги поттикна инвеститорите повеќе да го насочуваат капиталот кон „сигурното засолниште“ кое е самата американска валута.
Курсот на еврото во оваа атмосфера ослабе 0,3 отсто во однос на доларот, намалувајќи се на 1,0805 долари, што е недалеку од неговите најниски нивоа во три години, на кои накратко се спушти во минатонеделното тргување, од 1,0778 долари.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најзначајни светски валути, се засили за 0,1, достигнувајќи 99,562 бодови.
Јапонската и швајцарската валутаа забележаа неначителни промени на курсот, што покажува дека инвеститорите во услови на поголема загриженост го одбираат доларот, затоа што американската економија ја сметаат за најзаштитена, во случај коронавирусот да ѝ наштети на глоблната економија.
Под притисок беа и валутите на економиите кои директно зависат од растот на глобалната економија како и цените на добрата. Притоа, големи загуби забележа шведската круна и канадскиот долар, пишува „Сибиз“.
И кинескиот јуан утринава ослабе на странските пазари, па еден долар вредеше 7,0398 јуани, што значи дека засилил за 0,1 отсто.
Курсот на швајцарскиот франк, кој исто така се смета за сигурен и во кој инвеститорите често го насочуваат својот капитал во незивесните времиња, утринва се задржа на 1,0606 франци за евро, што е близу до највисоките нивоа од 2015 година.