На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути се зголеми од најниските нивоа во последните два ипол месеци.
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути се зголеми од најниските нивоа во последните два ипол месеци.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,75 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,20 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 149,45 на 149,70 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0475 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0515 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,45 отсто, на 75,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,59 отсто, на 71,15 долари.