Доларот во средата зајакна во однос на кошницата валути во очекување на завршетокот на редовната седница на Банката на федерални резерви (ФЕД) од која инвеститорите очекуваат нови насоки во врска со можното зголемување на каматните стапки оваа година.
Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шестте главни светски валути, се зголеми за 0,3 проценти на 96,916 поени.
Доларот зајакна за речиси 0,5 проценти во однос на јенот, на 113,70 јени. Еврото во однос на доларот ослабе за 0,3 проценти на 1,1075 $.
Во фокусот на инвеститорите е редовната месечна седница на ФЕД, од која тие не очекуваат нови потези но ќе ја следат внимателно за какви било знаци за временскиот период во кој тие би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки.
Дури и најмал сигнал дека во нивниот план е зголемување на каматните стапки повеќе пати оваа година ќе биде позитивно за доларот. Спротивно на тоа, какви било индикации за поголема тенденција за намалување на каматните стапки може да го задржи притисокот врз американската валута, размислуваат аналитичарите.