Аналитика Тинк Танк ја презентираше најновата студија од истражувањето за „Ефектот на истиснување на потрошувачката на тутун врз буџетот на домаќинствата во РС Македонија“ и „Влијанието на цените на цигарите и политиките за контрола на тутунот врз иницијацијата со пушење кај младите“.
Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика Тинк Танк која го презентираше истражувањето истакна дека во Македонија, процентот на пушачи кај возрасните изнесува 48,4%, домаќинствата со пушачи издвојуваат дури 13,2% од своите буџети на цигари, што е значително зголемување од 10,3% во 2018 година. Сите овие статистики потенција Спасова имаат ефект на „истиснување“ на семејниот буџет што предизвикува пораст на сиромаштијата.
-Податоците од Аналитика покажуваат поразителни резултати односно тие говорат дека страста за цигарите и другите тутунски производи го исцрпуваат семејниот буџет на сметка на буџетот потребен за храна, образование и здравје особено кај семејствата со ниски примања. Дополнително фрапантно е што истражувањата покажуваат дека цигарите го поттикнуваат трошокот на алкохолни пијалоци односно непушачките семејства за алкохол трошат 1,1% под нивниот семеен буџет, додека семејствата со пушачи трошат високи 12,5% за алкохол. Ако се земат во предвид сите анализи точно се воочува дека трошењето на семејните буџети за тутунските производи предизвикуваат продлабочување на сиромаштијата – потенцира Спасова.
Аналитика на конференцијата вклучи и панел дискусија на тема „Контрола на тутунот за подобро јавно здравје, заштита на младите и благосостојба на домаќинствата“ со цел да ги зајакне дијалогот и соработката помеѓу сите релевантни чинители потребни за креирање и спроведување на ефективни политики за контрола на тутунот.
Директорката на Институтот на Јавно здравје Марија Андонова истакна дека потребни се сеопфатни мерки преку нови правилници и законски измени со дел да имаме подобра финансиска кондиција во семејните буџети и секако подобра здравствена заштита на населението.
-Овој луксузен производ е од големо оптоварување на здравствениот систем. Според нашите статистики 45,4% од граѓаните се активни пушачи. Тоа е значително повеќе од регионот за Европа кој изнесува 25%. Според СЗО трошоците за цигари изнесуваат 38 милијарди денари годишно што е црвен аларм за преземање итни мерки за намалување на оваа загуба. Ние како Институт за Јавно здравје отворивме бесплатна телефонска линија за откажување на пушење и навистина имаме доста повици. Во таа насока ќе продолжиме да инвестираме од одредени активности кои ќе донесат резултати на ова поле – истакна Андонова.
Елена Ќосеска од Институтот за Јавно здравје потенцираше дека институцијата дава посебен акцент на превенција од користењето на тутунските производи
-Посебен акцент Институтот за Јавно здравје дава на превенцијата од аспект на превенцијата од заштита и употреба на сите психотропни супстанци на тутунот и тутунските производи. Истражувањата за употреба на тутунски производи не вклучуваат само употреба на цигари туку и употреба на пура, електронски цигари и наргиле. За жал нема напредок кај употребата на тутун кај деца од 13 до 15 години. Зголемени се статистиките за употреба на електронски цигари кај жените но и поразителен е фактот што децата купуваат цигари по барање на родителите, бабите и дедовците но никогаш не биле вратени од страна на продавачите. Ова покажува дека ситуацијата е трагична – рече Ќосеска.
Ана Чернишова од УНДП потенцираше дека нема спроводливост на Законот за пушење односно дека се пуши во сите јавни места.
УНДП и СЗО заеднички изготвиле анализа со која ги проценија економските трошоци од употребата на тутун и истите изнесуваат повеќе од 38 милијарди денари. Тоа е 5,6 од БДП. Исто така употребата на тутун е причина за повеќе од 5 000 смртни случаи годишно. Трошоците на здравствениот систем од употреба на тутунот се проценуваат на 4 милијарди денари. Апелира на мултисекторски пристап…“, истакна Чернишова.
Катерина Ставриќ од Центарот за семејна медицина оценува дека треба повеќе да се вложува превенцијата наместо во лекување на последиците.
-Навистина треба повеќе да се вложува во превенција, а не во лекување на последиците. И кога го кажувам ова мислам на поголемо вклучување на здравствените професионални како матичните лекари, стоматолози, фармацевти и други во целиот процес како целина. Нашите истражувања покажуваат дека пациентите првично од матичните лекари одбиваат превентивни прегледи и истражувања. Значи на сметка на сопственото здравје граѓаните одбиваат прегледи но не престануваат да консумираат тутун и тутунски производи. Затоа сметам дека довербата која граѓанит односно пушачите ја имаат од своите матични доктори треба да се искористи во оваа насока – потенцира Ставриќ.
По однос истражување на Аналитика Тинк Танк, Надежда Шопова Трајковска од Царинската управа рече дека контролата за увоз е исто така значаен фактор за употребата на тутун и производите на тутун во државата. Таа напомена дека од 2025 па до 2030 Царинската управа планира зголемување на акцизите на тутунските производи.
-Секој 1 јануари акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0.23 денари, на пурите 2 денари по парче, тутунот за пушење 150 денари по килограм, не согорливи тутунски производи на кило по 350 денари, 0,02 денари по милилитар за течниот тутун. Со овие мерки, се очекува до 2030 да бидеме усогласени со минималните стапки во Европската Унија. Преку царинските контроли од 1 јули 2024 година Царинската управа наплатила приходи од 54,6 милиони денари што е силен показател дека сме силно посветени на регионалната интеграција и легалната трговија – истакна Трајковска.
Јованка Брајович Глигоријевиќ од УНФПА рече дека повеќе нема државата мора да поработи на сеопфатна институционална програма.
-Работиме на заедничко делување за намалување на употребата на цигари. Статистиките покажуваат дека разликата кај пушачите мажи и жени е изедначена што значи дека се движиме кон полошо. За една година имаме значително влошување и нема простор за индивидуални таргетирања туку мора заеднички да делуваме. Ние изработивме и стратегија за млади и се трудевме тоа да биде преку дефинирање на консултација, на програма обучувачи на наставници во училиштата. Не смееме да дозволиме здравствените потреби трпат на сметка на пушењето, затоа мора да се работи уште во училиштата – рече Глигоријевиќ.
Бојана Христовска Мијовиќ од Аналитика исто така потенцираше дека алармантен е податокот што децата започнуваат да пушат од својата 13 годишна возраст. Таа оценува дека статистиките се должат на достапноста на цигарите за малолетни деца и ниските цени на продажба. За намалување на овој тренд Христовска појаснува дека неопходно е воведување на дополнителни мерки и регулативи.
-Ако сакаме позитивни резултати по однос на достапноста и употребата на тутунот особено кај помладите мора да се воведат високи акцизи за намалување на потрошувачката и зголемување на приходите за јавното здравство, мора да има кампањи за едукација и подигнување на свеста, особено фокусирани на младите како и програми за откажување од пушење и промовирање здрави животни навики. Пред нас е можност да започнеме плодна дискусија за тоа како да ги намалиме негативните ефекти од пушењето, не само врз здравјето, туку и врз финансиската стабилност на семејствата – заврши Христовска.