Вредноста на договорената рата во странство на домашната градежна оператива во првата половина од годинава изнесува 199 737 илјади денари, што е за 4,4  проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првите шест месеци од годинава, нашата градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 100 192 илјади денари, што е за 16,2 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Домашните градежници во периодот јануари – јуни работеле во Германија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Чешка, Данска, Босна и Херцеговина и во Србија.