Најдолгата изградба на најскапиот автопат Кичево-Охрид, тапка во место. Таму стои механизација вредна 40 милиони евра, чија искористеност е само 25%. Причината за ова, според градежниците е што им се дава предност на странските компании. Ако некогаш оваа гранка беше ударна сила, која градела на неколку континенти, сега дома, работата им се дава на странци. Затоа прашуваат – ако власта нема слух за нив, за каков раст на економијата сакаат да се зборува? Домашните комапнии имаат капацитет и знаење, но им недостасува поддршка од политичарите.
Да го градевме ние, овој автопат немаше вака да изгледа. Во 21 век за изградбата на овој автопат кој трае 10 години се користи проект од 18 век. Деловите за патот за кој беа ангажирани домашните фирми, го завршивме. Каде се странците? Проблем не се мостовите, тие ги завршивме, проблем се косините, кои ги проектираа странци, изјави Страшо Милковски, Гранит.
Врската меѓу бизнисот и власта веќе ја нема. Сега Коморите се само неми набљудувачи, кои не се консултират за промените и законите кои ги носат, туку бараат само мислење за работи кои веќе ги донеле. Бараат политиката да го следи бизинисот, а не бизнисот политиката. Првиот човек на Комората, објасни како изгледа средба во премиер, на кој сакаат да му ги предочат проблемите со кој се соочуваат.
-Ќе си одам одма јас, ама ќе останат министрите тука ќе гледаат, а тој кога ќе си оди министрите пред него си одат не може таков однос ти треба да имаш респект да влезеш во оваа куќа ако немаш не влегувај ако не ти требаа оваа куќа избриши ја, вели претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Стопанската Комора со конкретни решенија до власта. Прв приоритет мора да биде справување со сивата економија, која е извор на корупција и поткопување на правото. Според проценките, околу 30% од БДП отпаѓаат на неформалната економија.
Тоа во бројки значи околу 790 милиони евра дополнителни приходи во буџетот. или во превод, доволно пари за изгрдба на автопатите на Коридорите 8 и 10Д. Или изградба на 4 клинички центри или изградба на сите училишни капацитети, вели Зоран Јованосвки, Стоспнака Комора.
За да го имаме посакуваниот раст од 4,5 % годишно,со кој би се подобрил стандардот на граѓаните. Од Комората бараат наредните години приоритет да биде економијата. На раководните позиции да се стават квалитетни кадри кои имаат знаење и искуство, но да постои и отчетност од политричарите – дали го исполните она што го ветиле.