Со донација на 42 пакети храна, Комерцијална банка повторно го даде својот придонес за ублажување на потешкотиите со кои се соочуваат социјално ранливите групи граѓани во земјава.
Вработените и менаџментот во Банката несебично донираа средства за набавка на прехранбени производи, кои преку Црвениот крст на Општина Центар треба да стигнат до семејствата и поединците на кои им се неопходни. Оваа хумана акција, спроведена по повод Светскиот ден на гладта (16 октомври), е дел од стратегиските заложби на Комерцијална банка преку општествено одговорни практики да се намали сиромаштијата во земјава и да се подигне свеста за потребата од поголема грижа за квалитетот на животот на сите граѓани.