СДСМ и во време на најголема економска криза продолжува со вистинска грижа за пензионерите.
Секој пензионер на својата сметка, покрај пензијата, ќе добие дополнителни 1.000 денари како поддршка за справување со последиците од кризата.
Финансиската поддршка од по 1.000 денари за секој пензионер ќе следува и за месеците април и мај.
По усвојување на новата методологија, во септември следува историско највисоко покачување на пензиите.
Со СДСМ, просечната пензија во изминатите 4 и пол години е зголемена за над 2.000 денари, а пензиите се исплаќаат редовно и навремено.
На дело ја покажуваме грижата за пензионерите, за сите граѓани и за компаниите. Показател е фактот што платите растат во сите сектори, од први април минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а просечната за месец јануари изнесува безмалку 30.000 денари, односно 29.980 денари.
СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа и заштита на стандардот на граѓаните.