Сите земјоделци кои имаат пчелни семејства, матици и мед можат да се пријават за дополнителна субвенција. Услов е, земјоделското стопанство да е запишано во регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одгледувачи на пчелни матици. Документите се доставуваат до 25-ти декември …

Одгледувачите на пчелни семејства, вклучени во селекција за производство на пчелни матици можат да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одгледувачи на пчелни матици.

Висината на директните плаќања е 2.000 денари по пчелно семејство.

Пчеларите имаат право и на субвенција од 50 проценти од трошоците за извршена лабораториска анализа на физичките и хемиските својства на медот.

Барањето се поднесува во електронска форма и треба да се испечати, потпише и достави до платежната Агенцијата преку пошта.

Доколку пчеларите имаат потреба од помош пчеларите можат да се обратат во подрачните единици на министерството за земјоделство.

Крајниот рок за поднесување на документите е до 25-ти декември.