Сите земјоделци кои имаат засеани и ожнеани површина со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион, можат да се пријават за дополнителна субвенција. Рокот за аплицирање ќе трае до 15-ти декември. Услов е, производството да го предадат во домашни преработувачки капацитети или да е складирано кај регистриран откупувач…
Право на дополнителни субвенции имаат земјоделците кои засеале и ожнеале површини со сончоглед, маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено во други или сочувано за потребите на сопствениот преработувачки капацитети, или родот го продале или складирале кај регистриран откупувач.
Барања можат да поднесуваат и земјоделците кои жетвата на пченица и јачмен ја продале на регистрирани одгледувачи на добиток, или сочувале за сопствени потреби.
Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 килограми по хектар за пченица и јачмен, 1.500 за сончоглед, 1.800 за маслодајна репка и 300 килограми за афион.
За пченица, сончоглед и маслодајна репка субвенцијата е 6.000 денари, за јачмен 12.000 а за афионот изнесува 18.000 денари за хектар.
Барањето се поднесува во електронска форма и треба да се испечати, потпише и да се достави до платежната Агенцијата преку пошта или директно до Архивата.
Крајниот рок за поднесување на документите е до 15-ти декември.