Овоштарите и лозарите можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции доколку производство го продале на регистрирани откупувачи, преработувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година …

Овоштарите кои имаат насади со праска, вишна, малина, капина и кајсија, и се корисници на директните плаќања за одржување на постоечки овошни насади, имаат право на дополнителни субвенции.

Услов е производството да е предадено во сопствен или друг преработувачки капацитет од 26-ти декември 2023-та до 25-ти декември 2024 година.

Висината на директни плаќања изнесува 3 денари за килограм за сите видови овошје.

Во прилог на барањето се доставува потврда за предадениот род од регистриран преработувач.

Доколку производство е користено за домашни потреби или е продадено на пазар, висината на дополнителните субвенции за јаболко е 30.000 денари за хектар, за слива и праска 25.000, вишна, цреша, кајсија и круша 22.000, а 13.000 денари е за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка

Висината на дополнителните директни плаќања скалесто се намалуваат во однос на зголемувањето на површините.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година.