Дополнителни субвенции ќе можат да добиваат земјоделците кои имаат производство на жита и кои сакаат да ја променат културата во градинарство на отворено, во пластеници и во овоштарници и лозја. Право на овие пари имаат земјоделските стопанства кои освен пченица или друг вид на жита, одгледуваат и градинарски, овошни и лозови насади.
Вкупната површина по стопанство треба да биде помала од 5 хектари, а услов е досега да добивале субвенции само за житните култури.
Вкупната висината на дополнителната финансиската поддршка изнесува 30 проценти од основната субвенција за градинарство, овоштарство и лозарство.
Парите земјоделците ќе ги добиваат во рок од пет години од замената на производството.
Доколку постоечките овошни и лозови насади овоштарите се решат да ги обноват со нови сорти можат да побараат и дополнителни од 4.500 до 12.000 денари за хектар во зависност од видот на културата.