Над 16.000 земјоделци од земјава ги чекаат штетите од минатогодишните доцни пролетни мразови. Штетите на овошните и лозовите насади и на останатите култури беа големи, а во одредени региони земјоделците немаат род.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на денешната средба со земјоделците од истокот забележа дека исплатата ќе се изврши наскоро, бидејќи станува збор за обемна постпака, која требало да ја завршат сите институции.
Николовски најави дека и од понеделник во собраниска процедура влегуваат и законските измени за законот за земјоделство и рурален развој, со што е предвидена и мерката за зелена нафта за земјоделците.
Денешниве подтаоци на министерството за финансии покажуваат дека за 12,75 % се зголемила и платата во земјоделскиот сектор, во јануари изнесувала 16.700, а овој месец платата на еден земјоделец е 18. 800 денари.