Вол Стрит падна во средата, при што индексот Dow Jones падна под 20.000 поени за прв пат од почетокот на 2017 година, бидејќи големиот фискален и монетарен стимул не успеа да ги олесни стравовите на инвеститорите од рецесија поради ширењето на коронавирусoт.

Dow Jones потона од 1.338 поени, или 6,3 проценти, на 19.898 поени, додека С & П 500 падна за 5,18 проценти на 2,398 поени, а Индексот Nasdaq 4,73 проценти на 6,989 поени.

Екстремно нестабилното тргување продолжи на најголемата берза во светот.

Во понеделникот, индексот С & П 500 потона за 12 проценти, во вторникот скокна за 6 проценти и повторно во средата остро падна.

Се изгубија скоро сите придобивки од инаугурацијата на Трамп

Вчера, паднаа европските берзи. Индексот FTSE во Лондон падна за 4,05 проценти на 5.080 поени, додека ДАКС во Франкфурт потона за 5,56 проценти на 8.441 поени и во Париз ЦАК за 5,94 проценти на 3,754 поени.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк