Почнувајќи од 13 јануари, деветте најголеми банки во Велија Британија кои ги опслужуваат најголемиот дел од граѓаните, повеќе нема да имаат монопол при реализацијата на финансиските трансакции во државата.
Новите правила кои се дел од британската директива под име “Open Banking” имаат за цел да го олеснат споредувањето на банкарските производи и провизии како и префрлувањето од една во друга британска банка. Финансиските институции ќе мора да ги делат своите податоци за клиентите со трети лица – технолошки компании, доколку за тоа добијат дозвола од клиентите. Тоа значи дека, третите лица ќе можат да вршат плаќања во име на клиентите и да управуваат со нивните финансии.
Ова им ги отвора вратите на технолошките компании како Facebook и Google кои се обидуваат да се пробијат во банкарството, но да не станат банки. И Facebook и Google влегоа во платежниот сектор во Велика Британија со производите како што се “Pay by Messenger” и “Google паричник”.
Сега, со воведувањето на новите правила, Facebooк би можел да размисли да ги прошири опциите за плаќање преку WhatsApp во Велика Британија, како што досега е овозможено во други држави. Google Pay во Велика Британија наскоро ќе се користи слободно како и во САД каде што корисниците трошоците за патувањата или сметките во продавниците во кои купуваат облека ги плаќаат едноставно преку оваа апликација.
Порано, компаниите како Facebook и Google мораа да преговараат директно со банките во Велика Британија за да добијат пристап до податоците за трансакциските сметки на клиентите што ги ограничуваше можностите за вакви услуги. Со новите правила, најголемите британски банки се присилени да постават API клучеви со пристап до податоците на клиентите кои ќе бидат поставени на сигурно место, а технолошките компании ќе можат слободно да ги користат откако ќе добијат одобрување од клиентите за истото.
22.01.2018 11:06