Само во август е забележан пад на криптовалутите од 20%.
Поранешниот извршен директор на PayPal, Бил Харис, изјави дека криптoвалутите се повеќе се лизгаат до нула.
Харис повторно излезе во јавноста и фрли сенка врз популарноста на дигиталните валути.
“Биткоинот не го покажува она што неговите заговарачи го тврдат”, рече Харис, додавајќи дека има многу подобри криптовалути.
Ова не е првпат поранешниот шеф на PayPal да ја изрази својата загриженост во врска со иднината на виртуелните валути. Харис предупреди во април дека “биткоинот е измама и дека тој балон ќе пукне толку силно како што светот никогаш не видел досега”.
Неговото ново предупредување доаѓа по летниот пад на биткоинот кој што само во август загуби 20 отсто од вреднста. Така, вредноста на целиот крипто-пазар беше сведена на 195 милијарди долари.