Државата бара партнер со кој заедно ќе ја гради дистрибутивната мрежа за гас до секое домаќинство. Надлежните очекуваат првите приклучоци да бидат кон крајот на следната година во Скопје и Тетово. Засега се знае само дека мрежата ќе се гради преку јавно приватно партнерсто. Допрва ќе се утврдува кога ќе биде објавен тендерот, кога ќе почне изградбата и како ќе се врши финансирањето.
Од МЕР велат дека во меѓувреме се бара и модел со кои ќе им се помогне на домаќинствата да ги прилагодат внатрешните инсталации. Според нивните пресметки за куќа од 120 квадрати за тоа ќе бидат потреби околу 1500 евра.
За да може да се обезбеди приклучок за домаќинствата потребно е да се изгради преносната мрежа. Таа е целосно готова само од Клечовце до Неготино. Од Скопје до Тетово изградени се 40 отсто, а од Неготино до Битола половина од мрежата.