Газдите на текстилните капацитети изјавуваат дека ако повторно дојде до покачување во текстилната индустрија ќе дојде до отпуштање на работници.
Ако се случи тоа текстилот ќе се соочи со крах. Извозот на текстилни производи лани е намален за 6.5 проценти вели Дарко Лазаров универзитетски професор.
Текстилците бараат реформи во образование, а неопходно е и владеење на правото.
Мора да се престане да се мисли дека мора да се работи на црно и да се подмитуваат службеници, вели Ангел Димитров претседател на организација на работодавачи.
Лани извозот од оваа индустрија изнесувал 543 милиони евра.