Според податоците од Управата за јавни приходи, од 1. јули до 25. септември годинава, од кога во оваа институција е новото раководство поставено од владата на ВМРО-ДПМНЕ, не се вратени 34 милиони евра на име поврат на ДДВ кон фирмите.

Податоците покажуваат дека во овој период фирмите доставиле барања за поврат во висина од над 152 милиони евра, а исплатени се 118 милиони евра.

Од УЈП велат и дека има неодобрени побарувања од 2020 до 2023 година. До април 2024 година изнесуваат 27.403.537 евра.

Податоците што ги објави www.pari.com.mk беа најавени во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, каде гостуваше директорката на УЈП, Елена Петрова. За деталите околу повратот, но и за воведувањето на е–фактурата и други актуелни прашања од работењето на оваа институција, погледнете го поткастот на следниов линк: