Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 4.428 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 91 милион евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност – 59,6 отсто, по што следуваат валутите и депозитите со 29,1 отсто и монетарното злато со 11,2 отсто.