На Берзата котираат нови две државни обврзници. Едната е на сума од околу 29,8 милиони евра која е издадена на 7 септември со каматна стапка од 6,15% и е без девизна клаузува и ќе достаса по 15 години, односно во 2038 година.
Втората обврзница е со девизна клаузула, со вредност од 6 милиони евра, издадена на истиот датум како и претходната, и исто така со 15 години рок на доспевање. Каматата изнесува 5,9%.
Претходно, во август, државата издаде обврзница од 7,8 милиони евра, на 15 години, со камата од 6,15%. Во јули, пак, беа издадени 15-годишни државни обврзници на вкупна сума од над 19 милиони евра, а нивните каматни стапки беа 6,15%.
Задолжувањето на државата ќе продолжи со издавање на граѓанска обврзница до крајот на овој или во текот на наредниот месец, а државата планира за прв пат да издаде и зелена обврзница до крајот на годинава.