Државата денеска зема и враќа кредит во ист износ. Владата планира да позајми 22 милиони и 764 илјади евра од домашните банки и кредитори преку пети и триесетгодишни државни обврзници.

Парите што ќе ги земе денеска, државата ќе треба да ги врати утре, кога доспеваат 19,5 милиони евра, а задутре приближно 2,8 милиони евра.

Имено на официјаната страна на Министерството за Финансии објавени се проспекти за аукција на 30 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари или 16,2 милиони евра и на 5 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 400.000.000 или 6,5 милиони еврa.

 

 

 

Вкупната сума што ќе биде позајмена, ќе биде потрошена за враќање стари долгови.

Ова е последно задолжување за јули, а во третиот и четвртиот квартал од годината се предвидени месечно по 2 аукции, со кои државата ќе враќа стари долгови.

Државниот долг во 2016 изнесуваше 47,7% од БДП, а на крајот на 2017 се намали на 39,3% од БДП. Со ова ниво, Македонија спаѓа во рангот на умерено задолжени земји.