Државата ќе плаќа и отпремнини за да ги натера административците да заминат во приватниот сектор. Пакет мерките за трансфер на административците веќе ги разгледуваат Коморите и Синдикатот. Конечен договор околу мерките и кога ќе стартува ослободувањето од вишокот вработени во администрацијата за сега нема.

Имаме неколку предлози. Едното е доколку приватната фирми понуди повисока плата на некој кој што сме идентификувале дека нема потреба од тоа работно место во јавниот сектор, тогаш државата е спремна да ги плати придонесите во одреден временски период за овој вработен.вториот пакет е по предлог на дел од стопанските комори државата да финансисра преквалификација на дел од овие луѓе со што ќе станат атрактивни за приватниот сектор. Третиот е класичен со одреден вид на отпремнини- вели Манчевски.

Манчевски вели дека земјава не е далеку зад европскиот проосек на сооднос на вработени во јавен сектор во однос на вкупен број на вработени. Европскиот просек е 17 проценти, а тој на земјава е 17. Вели не се толку проблем бројките туку нејзината ефикасност.

Ефикасноста мора да се зголеми и факт е дека треба да имаме целосно нова поставеност на институциите во јавниот сектор затоа што голем дел од нив се препоклопуваат со ингеренции, мали се , нема потреба да постојат“- вели Манчевски.

До крајот на јануари најавува нов закон за организација на органите на државнта управа. Ќе има намалување на бројот на институции. Како пример ги посочи инспекторатите кои ги има 27, а анализата покажала дека се потребни само 13.