Министертсвото за финансии подготвува нова прераспределба на парите од државниот буџет до крајот на годината, дознава ТВ24 од висок владин функционер.

Ќе има дополнително кратење на парите за проектите со слаба реализиација и неопходни трошоци, за да се обезбедат средства за други неопходни намени.

Владата изминатиот период веќе ја усвои првата прераспределба со која на удар беа капиталните инвестиции со слаба динамика,

Засега нема информација за што ќе се користат парите, но експертите веќе реагираа дека погрешна е праксата да се удира по капиталните инвестиции заради повисоки плати

Владата годинава се раководи по нова фискална стратегија, по која наметна солидарен данок за компаниите, ја прошири листата на производи кои повеќе нема да се даночат со повластена стапка, меѓу кои и последната информација е дека тука ќе влезат 500 суплементи, а исто така се зголемува акцизата за цигарите и другите тутунски производи

Истовремено Министерството за финансии издаде повик за неколку граѓански обврзници.