Есенската потрошувачка кошница и Законот за забрана на нефер трговски практики спречија натамошен раст на цените на прехранбените производи и на инфлацијата, но сепак цените на дел од производите во кошницата останаа со исти цени, кажа министерот за економија, Бесар Дурмиши во експозето за сработеното во првите 100 дена на Владата.

Дурмиши најави дека ново намалување на цените, би требало да има откако трговците ќе ги потрошат залихите во магацините и ќе склучат договори со набавувачите согласно законот за забрана на нефер трговски практики, но истовремено потврди дека Комисијата за заштита на конкуренцијата која треба да ја врши контролата во овој сегмент сеуште е нефункционална.