Грција се врати на пазарите на долгови со емисија на 30-годишни обврзници – прва емисија со толку долг рок на достасување од 2008 година, објавија светските медиуми. Добиените понуди се за 17 милијарди евра.

Грција планира да позајми до 12 милијарди евра оваа година, со 5,5 милијарди евра „дупка“ веќе во својот буџет, пишува Ројтерс, цитирајќи висок владин претставник кој рече дека земјата има намера да ја „пополни кривата на принос со нова 30-годишна долгорочна обврзница“ и да привлече инвеститори со искористување на ниските каматни стапки “.

Со ова издание, земјата ќе собере уште две милијарди и 500 милиони евра, коментира Фајненшл тајмс. Според голем број аналитичари цитирани од публикацијата, клучна улога има програмата за откуп на средства на Европската централна банка.

Франкфурт минатата година продолжи со купување на грчкиот државен долг.