Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на претходниот месец бележат намалување за 0,1 отсто, а за периодот јануари – мај 2018 годна во однос на тој период лани бележат зголемување за 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите храна за 0,1 отсто, алкохолни пијалаци за 0,1 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,6 отсто