Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година изнесува 39.276 денари, објави Државниот завод за статистика. Оттаму соопштија и дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 58.967 денари.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во споредба со февруари 2023 година, изнесува 116,5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24,9%), административни и помошни услужни дејности (22,5%) и уметност, забава и рекреација (20,4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање (10,1%), рударство и вадење на камен (7,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3%).