Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во јануари 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесуваат 100.1.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.7 %, свежото и разладеното овошје за 1.0 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.6 %, млекото, сирењето и урдата за 0.3.%, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0.2 %.

Во јануари 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите финанасиски услуги неспоменати на друго место за 34.3 %, електричните апарати за лична хигиена за 4.3 %, велосипедите за 3.0 %, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1.9 %, гасот за домаќинствата за 1.5 %, телефонот и телефакс-опремата за 1.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.9 %, другите печатени материјали за 0.8 %, моторните возила за 0.7 %, стаклените садови, трпезните садови и прибор за домаќинствата за 0.6 %, малите електрични апарати за домаќинствата, градината, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.5 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.4 %, домашните миленици и сродни производи, угостителските услуги, услугите за сместување за 0.3 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај месото за 0.8 %, виното за 0.3 % и жестоките пијалаци за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2.5 %, обувките за 2.2 %, информатичката опрема за обработка на податоци за 1.6 %, медиумите за снимање за 0.9 %, мебелот и покуќнината за 0.6 %, облеката за 0.4 %, теписите и другите подни покривки, другите медицински производи за 0.3 %, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз, другите лични предмети за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во јануари 2020 година, во споредба со јануари 2019 година, бележат пораст од 0.6 %.