Ќе има ли трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на услугите на постоечките два – ќе се знае наскоро, откако владата ќе донесе стратешка одлука.. Запрашан зошто се форсира унгарска компанија блиска до орбан за влез на домашниот пазар, министерот за транспорт николовски ги обвини медиумите оти поставувале прашања, нарачани од големите оператори..
А зошто не? Ова контра прашање беѓе одговор на министерот за транспорт Александар Николовски, запрашан дали евентуалниот влез на унгарскиот телекомуникациски оператор 4ИГ на македонскиот пазар, има врска со заемот од Унгарија и зашто токму компанија блиска до Орбан се најавува како трет мобилен оператор. Нарекувајќи ја измислена тема, Николовски ги обвини медиумите кои поставуваат вакви прашања, дека за нив стоел дуополот на двата постоечки оператори, кои се рекламирале во нив. Министерот за транспорт вели дека постапката ќе била законска и на тендер, иако веќе на големо се врти името на унгарската компанија.
Николовски вели дека во следниот период Владата ќе реши што ќе прави со домашниот телекомуникациски пазар, но тврди дека се ќе биде во фунција граѓаните да добијат пониски цени и подобри телекомуникациски услуги.
На почетокот на месецов унгарската 4ИГ испрати писмо со намери до Владата за влез на македонскиот пазар. На писмото му претходеше средба во Будимпешта на министерот Николовски со првиот човек на 4ИГ Гелерт Жасзаи. Унгарија и претходно беше присутна на македонскито телекомуникациски пазар, откако пред повеќе од 20 години унгарски Маѓар телеком го купи државниот Телеком. Раководењето беше проследено со низа корупциски скандали, како испумпување пари во Унгарија на име хонорари и влијание врз македонски политичари да не се дозволи влез на конкуренција на пазарот, за што на тогашното раководство му се судеше пред меѓународни судови. Во земјава во моментов работат два мрежни, три виртуелни мрежни мобилни оператори и еден оператор препродавач. Минатата година дват анајголеми оператори имаа речиси идентичен удел на пазарот, секој по нешто над 47 проценти.