Земјите во регионот имаат пониски стапки за придонеси, а во некои држави не се плаќа персонален данок на плати до 800 евра, велат работодавачите. Така на пример во Црна Гора компаниите не плаќаат придонеси за здравство и делот од нето приходот кој останува за работниците е поголем. Исто така не се плаќа персонален данок на плати до 800 евра, а ние плаќаме персонален данок дури и на минимална плата. Во Србија на пример вкупните стапки за придонеси се помали од кај нас. Работодавачите и синдикатите сметаат дека државата треба да преземе нешто во таа насока, односно да ги олесни давачките на компаниите од приватниот сектор за да може да ги зголемат платите.

Државата треба да ги субвенционира давачките на компании за да може да се зголемат платите, сметаат експертите. Земјите во регионот имаат пониски стапки за придонеси, а во некои држави не се плаќа персонален данок на плати до 800 евра, велат работодавачите. Појаснуваат дека кај нас освен што има повисоки придонеси се плаќа персонален данок дури и на минималната плата. Поради тоа, сметаат дека државата треба да преземе нешто во таа насока, односно да ги олесни давачките на компаниите од приватниот сектор за да може да ги зголемат платите.

-Оваа Влада ниеднаш не кажала дека ќе донесе Закон со кој ќе се субвенционира зголемувањето на платите. Сметаат дека тоа не толку важно за економијата, но податоците покажуваат дека тоа не е така бидејќи во земјите од регионот платите растат, а давачките се пониски од кај нас. Така на пример во Црна Гора компаниите не плаќаат придонеси за здравство и делот од нето приходот кој останува за работниците е поголем. Исто така не се плаќа персонален данок на плати до 800 евра, а ние плаќаме персонален данок дури и на минимална плата. Во Србија на пример вкупните стапки за придонеси се помали од кај нас, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Според него, висината на давачките кои компаниите ги плаќаат директно придонесува за повисоки нето-плати на работниците.

-Кај нас ако се намали стапката на придонеси кои се плаќаат за ПИОМ, тогаш ќе има поголема дупка во Фондот. Исто така тука се поставува прашањето дали сите што го полнат буџетот се согласни дел од нивните пари да одат за дотации за ПИОМ, додава Димитров.

Тој појаснува дека вкупните јавни давачки не ги плаќаат само работниците. Тие го полнат буџетот преку ДДВ и данок на имот, а поголем дел од буџетот се полни од компаниите преку акцизи и царини, данок на добивка…

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека потребно е да се намалат давачките на приватните компании кон државата, бидејќи тие го полнат буџетот и од нив зависи дали вработените во јавниот сектор ќе земат плата.

-Треба да се олеснат давачките на работодавачите за да можат да ги зголемат платите. Меѓутоа, тоа треба добро да се регулира, бидејќи работодавачите можат да ги злоупотребат парите кои се наменети за субвенционирање на придонесите. Треба прво да се зголемат платите, а потоа да се дадат парите кои се наменети за субвенции. И досега имаше вакви мерки, но останаа нереализирани, изјави за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Тој додава дека преговорите за зголемување на минималната плата паднаа во вода. Нема да има зголемување на минималната плата до Нова година.

-Загрижува фактот што медијалната, односно средната плата е далеку од просечната, а таа ја земаат повеќе од 80 отсто од вработените во приватниот сектор. Ако сакаме да се зголеми БДП и да се обезбедат пари за плати на  вработените во јавниот сектор мора да се мотивираат вработените во приватниот сектор. Вработените во приватниот сектор се утепуваат од работа за да можат да обезбедат пари за плати за нив, за работодавачите и за вработените во јавниот сектор, појаснува Пешевски.

Инаку, минатата година Влада донесе ваква мерка за субвенционирање на платите во приватниот сектор. Со оваа мерка работодавачите беа ослободени од плаќање придонеси за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари. Но, и оваа мерка остана нереализирана.