Ќе се менува начинот на кој ќе се делат субвенциите во туризмот. Според предложеното секој оној кој ќе има девизен прилив, односно ќе заработи во туризмот ќе може да аплицира и да добие државна финансиска помош.
Од агенцијата за развој и поддршка на туризмот велат дека досегашниот систем и модел на субвенционирање ги дал бараните резултати, но дека во иднина треба да се направи по одржлив систем, наведувајќи воедно додавајќи дека предлогот е иста сума на пари помош да се дава на хотелите без разлика од каде се госитите.
Заклучно со крајот на минатата година во државава се регистрирани еден милион туристи и над 3 милијарди ноќевања. Субвенции добиваат меѓу 5 и 7 проценти од туристите. Во 2017 година имало 28.655 субвенции за туристи и по тој основ се исплатени 1,2 милиони евра, а бројките се слични и за минатата година. Од почетокот на оваа година, според податоците на агенцијата, бројот на туристи бележи раст од 3 до 5 проценти, со зголемување на бројот на ноќевања од 5 до 7 проценти.