Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека со предлогот на закон за работно ангажирање на лица ќе се регулира вработувањето на студентите и пензионерите во формалната економија.

  • Со тој закон ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица кои што се пензионирани, или на оние кои што се студенти. Досега тоа некако се одвиваше како дел од сивата економија. Целта ни е да ја зголемиме продуктивноста и вработеноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата, рече премиерот.

За овој нов закон кој треба да се носи по редовна постапка, Мицкоски додаде дека има и делумна поддршка од опозицијата.

Стопанската комора на РСМ веќе најави дека со ова законско решение ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси од задолжителното социјално осигурување, а ќе придонесе и за сузбивање на неформалната економија.