Македонија може да се соочи со голем недостиг на земјоделски производи, односно храна од сопствено производство. На тоа укажува последниот податок за откупот и продажбата на истите.
Па така во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 136 295 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58.7 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 21.0 %.
Значително намалување е забележано кај полјоделството, рибата и другите производи, а кај останатите производи е забележано зголемување.