Европската банка за обнова и развој одобри два милиони евра нова кредитна линија за подобрување на енергетскта ефикасност во земјава. Кредитната линија е одобрена на Шпаркасе банка Македонија за зелени инвестиции.
Средствата се наменети за домаќинствата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Финансирањето на ЕБОР е под Програмата за поддршка за зелена енергија (GEFF).
Потенцијалните инвестиции вклучуваат зелени технологии како изолација, прозорци, топлински пумпи, соларни панели и друго.
-Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, што се очекува да ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста. Домаќинствата имаат можност да добијат грант до 20 отсто од вредноста на нивната инвестиција. Ова ќе биде вториот GEFF кредит кон Шпаркасе банка Македонија што се реализира заради побарувачката на пазарот која го надмина износот на првата GEFF кредитна линија потпишана кон крајот на 2017 година со Шпаркасе Банка Македонија од два милиони евра.
Програмата за поддршка за зелена енергија (GEFF) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија за Балканот во износ од 85 милиони евра, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската Програма за Западен Балкан (WBIF).
Имплементацијата е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP PLUS), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. REEP Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Ееропски директиви.
ЕБОР има инвестирано над 1,9 милијарди евра во 123 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата.с