Бугарија и Хрватска имаат уште многу да работат за санирање на своите економии и за подобрување на своите институции пред еврото да стане национална валута, изјави денеска претсатвникот на Управниот одбор на Европска централна банка (ЕЦБ), Фабио Панета.
– ПРЕЗЕМЕНИТЕ РЕФОРМИ ОД ДВЕТЕ ДРЖАВИ НЕМА ДА ГИ ПОПРАВАТ СИТЕ ДИСБАЛАНСИ И СЛАБОСТИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ, ПОТРЕБЕН Е ПОГОЛЕМ НАПРЕДОК ВО УПРАВУВАЊЕТО, НИВНАТА ПРАВНА РАМКА И ЦЕЛОКУПНИОТ КВАЛИТЕТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ, ИСТАКНА ПАНЕТА.
Бугарија и Хрватска на 10 јули беа примени во Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ II), при што во следните две години треба да имаат инфлација, како просечната инфлација во Европска Унија. А потоа најрано во во 2023 година можат да станат дел од еврозаоната.